Одложена е седницата во бугарското Собрание за францускиот предлог

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Членовите во Комисија за надворешни работи на бугарското Народно собрание денеска ја одложија седницата на која требаше да биде разгледан предлогот на француското претседателство со ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Образложувајќи ја ваквата одлука, поранешната бугарска министерка за надворешни работи и пратеничка на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Екатерина Захариева, изјави дека бугарската Влада е органот што мора да се произнесе по предлогот, пред тој да се најде пред Народното собрание.

Одлуката за одлагање на седницата на собраниската Комисија беше донесена со 9 гласа „за“ на пратениците од редовите на ГЕРБ, Движењето за права и слободи, Има таков народ и Преродба, додека 8 народни избраници од редовите на владејачките партии Продолжуваме со промената, Бугарската социјалистичка партија и Демократска Бугарија гласаа „против“.

Претходно денеска, лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов побара одлуката за прифаќање на „францускиот предлог“ и со тоа за деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава, да ја донесе Владата на Бугарија и потоа да ја достави до Собранието на одобрување, ветувајќи дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат предлогот на пленарната седница.

Меѓутоа, шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова во изјава за софиски „Дневник“, го отфрли ваквото барање, истакнувајќи дека Владата нема да отстапи од повеќепати најавуваната формула – одлуката по „францускиот предлог“ прво да биде донесена на собраниската Комисија за надворешна политика, потоа на пленарна седница на Собранието и на крај да се најде пред владиниот Кабинет.

Share This Article