Петков им се обрати на демонстрантите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва им се обрати и им се заблагодари на демонстрантите кои излегоа за поддршка на бугарската Влада, како и на сменетиот претседател на Народното собрание, Никола Минчев, јави дописникот на МИА од Софија.

Присутните скандираа „Мафијата надвор“ и „Ние сме заедно“ за да изразат поддршка за антикорупциската политика на Владата во Софија.
По повод планираните протести за утре во Софија, Петков изрази надеж дека нема да има проблеми, велејќи дека министерот за внатрешни работи Бојко Рашков го гарантирал тоа и дека ќе има само мирни протести.

Во однос на претстојното гласање за недоверба на Владата Петков рече дека продолжуваат разговорите со различни пратеници и изрази надеж дека многу луѓе во последен момент ќе одлучат да ја поддржат Владата.

На протестот присуствуваа и министерот за иновации и технологија Даниел Лорер, како и министерот за транспорт Николај Сабев и поранешниот претседател на Народното собрание Никола Минчев, а со нив беше и сопругата на премиерот Линда Петкова.

Фото: МИА

Share This Article