Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност и вршење на производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство, соопшти претседателот на Комисијата, Марко Бислимовски.
Тој додаде дека за одлуката на РКЕ ќе биде запозната и Владата, која со соработката со Министерството за економија е должна да организира тендер за избор на нов вршител на енергетската дејност производство на топлинска енергија.
Во продолжение, погледнете ја изјавата на Бислимовски: