More

    Министрите на Г20 разговараат за зајакнување на здравствените системи ширум светот

    spot_img

    Министрите за здравство на земјите од Г-20, кои имаат најголеми економии во светот, во понеделникот започнаа серија состаноци во Џакарта на кои разговараа за зајакнување на здравствените системи ширум светот во светлината на епидемијата на Ковид-19.

    На состаноците ќе се разговара за изградба на систем за здравствена безбедност, усогласување на здравствените протоколи поврзани со Ковид-19, стандардизирање на меѓународните патни документи и зајакнување на фармацевтската индустрија, рече портпаролката на индонезиското Министерство за здравство, Надија Тармизи.

    Тармизи најави дека на состаноците ќе присуствува и генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

    „Глобалната соработка е клучна за надминување на оваа пандемија и подготвеност за следната“, рече Тармизи на прес-конференцијата пред првиот министерски состанок.

    „Овој состанок е затоа важен момент за Г-20 бидејќи ќе им овозможи на земјите да обезбедат поддршка за зајакнување на капацитетите на здравствените системи на национално, регионално и глобално ниво“, рече Тармизи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img