Ковачевски: Во моментов кај нас нема дојдено предлог кој е усогласен на ниво на сите земји членки на Европската Унија

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во моментов кај нас нема дојдено предлог кој е усогласен на ниво на сите земји членки на Европската Унија. Доколку земјите членки, вклучително и Република Бугарија усогласат предлог во однос на проширувањето на следниот самит, тогаш тој ќе биде испратен до нас и ние како таков ќе го разгледаме и ќе ги дадеме нашите забелешки, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски од Охрид, каде учествува на Преспа форумот за дијалог.

Ковачевски нагласи дека ние имаме многу јасни позиции, односно дека за македонскиот јазик и идентитет не се разговара и дека преговарачката рамка е мултилатерален документ што ќе треба да биде одобрен од сите земји-членки и ќе овозможи затворање низ процесот на сите отворени прашања што ние ги имаме во процесот на пристапување кон ЕУ.

Тој нагласи дека решението треба да содржи севкупно решение и гаранции дека со ова нема да постојат никакви други барања во однос на нашето понатамошно напредување во интеграцијата во ЕУ.

– Ние како држава го цениме напорот на претседателството со ЕУ и на францускиот претседател Макрон кој во пресрет на Самитот има иницијатива за изнаоѓање решение, како што информираа медиумите, постои предлог кој очигледно е испратен до Република Бугарија и што ќе треба да го разгледаат низ своите институции. Доколку таков предлог стигне усогласен на ниво на сите земји-членки на ЕУ ние ќе го разгледаме и ќе ги дадеме нашите забелешки – рече Ковачевски.

Во однос на внатрешната динамика на политичките односи во Бугарија, Ковачевски вели дека е тешко да се коментира.

– Во неколку наврати кажав дека ние во овој процес на разговори со Бугарија имавме став што беше во насока и пристап на изнаоѓање достоинствено решение базирано на европските вредности и како Влада во ниту еден момент овој процес не го политизиравме и не го инструментализиравме за дневно-политичка употреба и добивање на еднократни политички поени. За разлика од Република Бугарија каде ова прашање беше постојано инструментализирано и политизарно и гледаме дека стана едно од точките на внатрешната политичка борба во Бугарија – рече Ковачевски, посочувајќи дека што ќе се случува таму не можеме да знаеме, бидејќи тоа зависи од развојот на настаните во нивниот Парламент.

Според него, најдобро е тоа да го следиме како и сите други што го прават и за секој нареден настан ќе бидеме информирани.

Премиерот нагласи дека не треба да се врзуваме за датум за почнување преговори, бидејќи, како што кажа, тоа најмалку зависи од нас во овој момент,

– Република Северна Македонија има четири последователни позитивни извештаи од ЕУ и на одреден број поглавја имаме поголема усогласеност од земји кои веќе ги имаат отпочнато преговорите. Ние сме комплетно подготвени. Дали ќе се откажеме? Не, нема да се откажеме со оглед на тоа што ЕУ е стратешка цел на нашата држава – заклучи Ковачевски.

- Advertisement -
Ad image

Вчера и шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на прашање дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од страна на Бугарија кон Северна Македонија, и дали има кокретни ставови, рече дека прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози.

– Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација, нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме – истакна Османи вчера пред почетокот на Преспа форумот за дијалог 2022.

Франција вчера најави дека до сите земји-членки ќе достави официјален предлог за кревање на ветото кон Северна Македонија, а како што претходно јавија бугарски медиуми, премиерот на Бугарија Кирил Петков после тоа до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article