Силна експлозија одекнала во Луганск, град во источна Украина, околу 22 часот, пренесува РИА Новости.
Според руската агенција, нафтоводот „Дружба“ е во пламен по детонацијата. Службите за итни случаи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.
По првичната експлозија одекнала уште една.
На објавената снимка се гледа силна експлозија, која била видлива од далечина од неколку километри.
Засега не е позната причината за експлозијата.
Снимка од експлозијата во Луганск, очевидци пишуваат на социјалните мрежи дека гасоводот наводно гори.
Потсетуваме дека вечерва експлозија го потресе и центарот на Доњецк. Целта беше еден од командантите на Народната милиција на ДНР, Денис Синенков, кој за Интерфакс изјави дека не е повреден во експлозијата.