Макрон предупреди за состојбата во која се Франција и ЕУ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја и Европа влегле во состојба на „воена економија“. Тој посочи дека по руската инвазија на Украина во февруари годинава, Франција „влезе во состојба на воена економија“ во која, како што наведе, ќе остане уште долго.

Говорејќи на отворањето на Eurosatory 2022, меѓународниот саем за трговија со оружје во Париз, Макрон рече дека побарал од министерот за одбрана и началникот на Генералштабот во следните недели да ги разгледаат законите за воената програма во контекст на актуелната геополитичка ситуација.

Тој повика и на натамошно зајакнување на европската одбранбена индустрија.

Макрон истакна дека европската одбранбена индустрија и технолошката инфраструктура треба да се зајакнат и да се направат посилни и поконкурентни.

Share This Article