More

    Без контрола плови во Атлантскиот океан

    spot_img

    Товарен брод што превезувал возила на групацијата Фолксваген од Германија за САД се запалил во близина на брегот на Азорските Острови, изјави во петокот портпаролот на Фолксваген.

    Португалската морнарица соопшти инцидентот се случил вчера вечер и дека 22 членови на екипажот се евакуирани и никој не е повреден.
    Бродот превезувал околу 1.100 возила Порше, изјави портпаролот на Порше. На бродот имало и возила Ауди, но нивниот број не е познат.

    Во интерна е-пошта од Фолксваген САД се наведува дека бродот превезувал 3.965 возила од Фолксваген, Порше, Ауди и Ламборџини, пишува германскиот весник Ханделсблат.

    Фолксваген не го потврди бројот на возилата кои се наоѓале на бродот и дека чека дополнителни информации.

    Португалската поморска управа објави фотографија во средата на која се гледа бродот во облак од чад.

    Бродот Фасилити Ејс (Felicity Ace) испловил од Емден во Германија, каде што се наоѓа фабриката на Фолксваген, до Дејвисвил во американската сојузна држава Род Ајленд, пренесува порталот Marine Traffic.

    Пожарот се уште гори, но е ставен под контрола, изјави во четвртокот за португалската новинска агенција Луса капетанот на пристаништето Хорта на островот Фајал на Азорските Острови.

    Властите на Азорските Острови сè уште не ја коментирале ситуацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img