Папата Франциск денеска му се извини на народот на Демократска Република Конго и Јужен Судан, бидејќи мораше да ја откаже посетата на тие земји поради проблеми со одењето и изрази надеж дека неговата состојба ќе се подобри.
Ватикан во четвртокот соопшти дека патувањето планирано за 2 до 7 јули е одложено на неодредено време поради проблемот со коленото на папата, поради што тој користи инвалидска количка повеќе од еден месец.
– Многу ми е жал што морав да го одложам ова патување, кое сè уште сакам да го реализирам – рече папата Франциск во своето неделно обраќање пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар.
– Ве молам простете ми за ова. Да се молиме заедно со Божја помош и со лекување да дојдам кај вас што е можно поскоро. Да се надеваме – рече тој, директно обраќајќи им се на граѓаните и на властите на двете земји.
Ватикан во четвртокот соопшти дека патувањето е одложено за да не бидат загрозени резултатите од терапијата.