„Треба да им помогнеме на овие млади луѓе да ја достигнат својата слобода што е можно поскоро. Да ја освестиме нивната личност… И сите имаме толку многу да кажеме, а сите сме толку богати. Роман може да се напише за секого. изјави актерот Раде Шербеџија.
Минатата недела Раде Шербеџија најави дека следниот петок на 17 јуни ќе одржи концерт во Ботаничката градина.
На концертот ќе биде изведен албумот „Не се врти сине“, за кој вели дека го снимил за еден ден, а истоимената песна е посветена на неговиот син Данило, односно неговата генерација. Како што рече, албумот испраќа порака до младите да не се свртуваат кон своите татковци и нивните трауми, туку да гледаат кон иднината.