Извршена e операција на повредата на неговата глава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Фудбалерот на Ботев Пловдив, Тодор Неделев, е вон животна опасност по двочасовна операција поради повреда на главата при автобуската несреќа на бугарската фудбалска репрезентација во Тбилиси.

Несреќата, како што пренесуваат медиумите, се случи синоќа по пристигнувањето на бугарскиот национален тим во Тбилиси за неделниот натпревар меѓу Грузија и Бугарија во рамки на Лигата на нации.

Двата автобуси со кои бугарскиот национален тим се превезувал од аеродромот до хотелот, најверојатно поради несоодветна брзина на условите на патот се судриле во тунел.

Во несреќата тешко е повреден бугарскиот репрезентативец Неделев, кому поради парчиња стакло од скршениот автобуски прозорец итно му беше извршена операција на главата.

Неделев е вон животна опасност, а според лекарите на бугарскиот тим, ќе остане во болница во следните седум денови.

Бугарската фудбалска федерација потврди дека во несреќата нема други повредени.

„Бугарскиот национален тим доживеа тешка сообраќајна несреќа по пристигнувањето во Тбилиси. На пат кон хотелот, возачот на еден од двата автобуси, со кои се превезуваа играчите, загуби контрола врз воланот, предизвикувајќи како резултат на тоа тешка несреќа. Неделев е пренесен во локалната болница, а другите членови на тимот се чувствуваат добро“, се наведува во официјалното соопштение.

Share This Article