More

    За Резников, Украина е подготвена да се одбрани

    spot_img

    Бројот на руските војници распоредени во близина на границата со Украина достигна 149.000 лица, изјави украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников.

    – Ги набљудуваме единиците на руските трупи, кои бројат 129.000 лица. Заедно со поморските и воздушните компоненти, оваа бројка достигнува до 149.000 луѓе – појасни Резников во Парламентот.

    Министерот уверуваше дека Украина „нема намера да го нападне сепаратистичкиот исток или Крим“.

    – Уште еднаш нагласувам, Украина ја зајакнува својата одбрана, но, немаме намера да тргнеме во офанзива против Донбас или Крим. Ќе дејствуваме политички и дипломатски, бидејќи нашите граѓани се таму и нема да ги загрозиме – истакна Резников.

    Тој додаде дека украинската армија е подготвена за каква било одбранбена акција.

    Украина, според него, вчера регистрирала „невообичаен“ број гранатирања на своите позиции во Донбас.

    – Вчера беа регистрирани необичен број настани, кои значително се разликуваат од она што се случува од почетокот на годината. А, наша задача е да ја скротиме оваа аномалија, со цел да не стане повод за ескалација – нагласи Резников.

    Според него, од 1 јануари до 16 февруари, 107 украински воени позиции биле гранатирани од Донбас на линијата за контакт во регионите Доњецк и Луганск, или две до пет прекршувања на примирјето дневно. Само во четвртокот имало 60 гранатирања, од кои 43 „од забрането оружје, речиси по целата линија на контакт.

    Како што појасни министерот, оганот бил насочен кон околу 30 населени места, повеќе од десет куќи се оштетени, а неколку лица повредени.

    Резников информираше и дека Украина веќе добила над 2.000 тони оружје од своите странски партнери.

    Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков изјави дека Кремљ ја следи ситуацијата во Донбас и ја смета за „многу, многу опасна“ поради провокациите од Украина.

    Од 27 јули 2020 година, во Донбас се во сила дополнителни мерки за контрола на прекинот на огнот, кои ги договорија учесниците во контакт групата за решавање на ситуацијата во источна Украина. Дополнителните мерки вклучуваат забрана за офанзива и извидување и саботажа, употреба на авиони, забрана за пукање, како и распоредување тешко оружје во населени места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img