Предлогот за делумно укинување на трошоците за увозот на 80 отсто од храната во земјава за малите и големите трговци, од 5 па до 25 осто за одредени производи, веќе е стигнат до министерството за економија, потврди вечерва миинистерот Крешник Бектеши во тв-гостување на емисијата „Вин-Вин“ со Оливера Трајковска. Тоа грубо би значело дека ако одреден производ се продава по 100 денари во големите ланци на маркети, на друго место не би можел да биде поскап од 110 денари, објаснува тој.
Ставот на министерството е дека предлогот е добар и дека трошоците можат да бидат укинати, како што веќе е пракса во ЕУ, вели Бектеши. Одржани биле средби и со Пазарниот инспекторат и Царинската управа. Министерот е задоволен што трговците излегуваат со свои предлози. Тие побарале да има маржа од 5 за едни, а од 10 отсто за други производи.
Едната маржа да биде 5 отсто, другата 10 отсто
– Трговците бараат за одредени производи маржата да биде 5 осто, а за други 10 отсто. Тоа значи дека ако одреден прозизвод оди во супермаркет да оди на 100 денари, максиум да може да биде продаден за 110 денари – изјави Бектеши.
Министерот потсетува дека различни маркети имаат различни трошоци и пресметки. Едно е дискаунт, друго е цел ланец.
– Одредени ланци на супермаркети имаат разлика во тоа како ги утврдуваат цените. За еден производ да се продава има трошоци и за прозводителот и за увозникот. За различни чинители тие трошоци секако се различни. Ние мислиме дека ваквите трошоци можат да бидат укинати. Тоа може да се движи од 5 до 20, па за некои производи и до 25 осто.
Во однос на тоа по која формула би одело скратувањето, Бектеши изјави:
– За 80 отсто од производите ќе донесеме нови одлуки. Зависно од производот, од влезните фактури и од трошоците на компанијата, дали е само еден производ или повеќе производи. Ќе се зема инпутот од берзанските цени на сончогледот, пченицата и други цени. Ние имаме можност да укинеме некои од трошоците и тоа според примери од членки на ЕУ. Ние еднаш ги укинавме некои од трошоците, сега од наредната недела ова би го направиле пак. Затоа што сметаме дека одредени одлуки на одредени трговци дека се нечесни.
Различни градови, различни „нечесни“ маржи
Министерот се сложува дека многу од трговците донеле нечесни одлуки и ги покачиле цените, а според него тоа е најмногу поради враќањето на ДДВ-то. На прашањето зошто тоа било вратено по 31 мај, тој вели дека вакви мерки Владата може да носи само времено, дека поради 20 милиони тони заробена пченка, пченица, сончоглед и друга храна во Украина цените во светот растат, а дека тој влијае на нас и дека не може во време на војна да имаме исти профити како претходно.
Маржите вртоглаво се зголемуваат, а дури во различни градови има различни цени.
– Од тоа како било до 31 мај, одредени производи се зголемени поради враќањето на ДДВ-то, кое често е 5 отсто. Во различни градови, трговците имаат различни маржи. Тука зборуваме за профитната маржа. Важно е да кажеме дека Македонија е единствената која носи мерки. Прво почнавме со замрзнување со цените. Потоа донесовме одлука за профитни маржи за прехрабените производи, 3 отсто и 4 отсто – објаснува тој.
Пазарната цена е 200 евра, со мерките плаќаме само една петтина
Потоа темата во емисијата прејде на зголемувањето на цената на струјата која треба да се зголеми и да се пресметува по нови тарифни блокови од 1 јули и фактот дека граѓаните уште не знаат во која тарифа ќе бидат ставени, а притоа се револтирани дека ги исфрлија своите печки и парно-греењето за сега да бидат принудени да плаќаат за струјата по пазарна цена, доколку бидат ставени во повисоките категории на тарифи.
– Се согласувам дека греењето на струја не е луксуз – почна Бектеши и објасни дека сепак државата веќе субвенционира 80 отсто од струјата која не е пазарна туку досега одеше по само петтина од вистинската берзантска цена:
– Ако ги споредиме бројките, лесно можеме да утврдиме дека 80 отсто од струјата во државата се субвенционира државно преку ЕСМ. Двапати годишно Владата носи одлука за тоа која цена ЕВН ќе му ја понуди на универзалниот снабдувач, во нашиот случај ЕВН. Ако просечната цена во првите шест месеци била негде околу 200 евра, нашата одлука беше 41 евро. Тоа е само 20 отсто од пазарната цена. И тоа нѐ чини 86 милиони евра во буџетот – истакнува Министерот и додава.
– Ние согласно законот за енергетика одиме кон либерализација на пазарот. Понудената цена од 41 евро. ЕВН има обврска да снабдува само 60 отсто од целосните потреби, но годинава ние одлучивме ЕВН да ги покрива целосните потребите на сите домаќинства со цената од 41 евро. Ако не беше оваа одлука, 60 отсто од пазарот ќе плаќаше струја по 41 евро, а остатокот од 40 отсто по пазарна цена. И тие 40 отсто ќе имаа големо влијание во утврдување на цената на Регулаторната комисија за енергетика.
Додека се чека новата цена на струјата, Светска банка проектираше дека оптималниот раст на Македонија годинава ќе биде 2,7 отсто, помалку од оние 2,9 што НБРМ ги предвидуваше. Ова ќе значи дека земјата уште нема да се врати на БДП-то од 2019 година, односно дека откако почна ковид-кризата во 2020 година, економијата е во криза.
Македонската влада има само 76 милиони евра како бафер зона за справување со кризи. Потрошувачката кошничка во моментов изнесува 38.800 денари. Граѓаните чекаат на новите цени.