Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Анкара се сретна со турскиот колега Мевлут Чавушоглу, а на заедничката прес-конференција на Лавров му било поставено многу непријатно прашање.
НОВИНАРОТ: Украинска телевизија. Јас се викам Муслим Умеров. Имам прашање – што е украдено од Украина, освен пченица? А што успеа Русија да продаде?
ЛАВРОВ: Извинете? Повторете.
НОВИНАРОТ: Што е украдено од Украина, освен пченица, а што успеала да продаде Русија?
ЛАВРОВ: А вие зборувате за … Вие (Украинците) секогаш сте преокупирани со тоа што можете да украдете и мислите дека така мислат сите други! Ќе ви одговорам. Ги следиме целите што ги објавивме јавно: да ја исчистиме источна Украина од репресијата на неонацистичкиот режим. Тоа е она што го правиме. А пченицата, денеска објаснивме дека не може бесплатно да се транспортира до нејзините дестинации. Русија не создаде никакви пречки за тоа, бара (претседателот на Украина) Зеленски да издаде наредба. Ако тој сè уште се прашува за нешто таму. Тој треба да дозволи влез на странски и украински бродови во Црното Море. Ви благодарам многу.