За редовен сообраќај денеска од 15:00 часот привремено ќе биде затворен дел од регионалниот пат Охрид – Св. Наум, информира Секторот за внатрешни работи Охрид.
-Привременото затворање ќе започне во 15:00 часот на потегот од туристичкиот комплекс „Св. Стефан“ сѐ до туристичкиот комплекс „Св. Наум“ кај Љубаништа, од каде полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе вршат пропуштање само на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните лица – учесници на Самит иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид – соопшти СВР Охрид.
Оттаму апелираат сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на овој патен потег, но и по останатите сообраќајници каде се преземаат соодветни сообраќајно-безбедносни мерки.