Украина и Русија разменија 320 тела на загинати војници

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руски војници ги вратија во Украина телата на десетици украински војници кои загинаа во челичарницата „Азовстал“.

Според некои светски агенции, телата, наводно, биле префрлени во главниот град Киев, каде што се врши ДНК анализа за да се утврдат идентитетите на убиените, соопшти полкот Азов, една од единиците на Украина која ја држеше фабриката за челик речиси 3 месеци пред да се предаде во мај.

Украина во саботата ја објави првата официјално потврдена размена на загинати војници од почетокот на војната.

Беше кажано дека двете страни размениле вкупно 320 тела, а размената се случила во четвртокот на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Ана Холовко, портпаролка на полкот Азов, изјави дека сите 160 украински тела што ги предале Русите се од урнатините на Азовстал.

Таа рече дека најмалку 52 од тие тела се сметаат за останки на војниците на Азовскиот полк, а Максим Зорин, поранешен командант на полкот кој сега е на чело на воената единица со седиште во Киев, потврди дека меѓу разменетите има и тела од фабриката за челик.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека може да има повеќе од 2.500 затвореници од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, кои сега се притворени во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина.

Зеленски рече и дека плановите на Русија во однос на третманот на овие затвореници постојано се менуваат.

Во исто време, руските сили продолжија да се борат за контрола на Северодоњецк, град во источна Украина кој е клучен за целта на Москва да заврши со заземање на индустрискиот регион Донбас.

- Advertisement -
Ad image

Зеленски изјави дека украинските сили ги држат своите позиции во градот, додека на улиците се водат жестоки битки и Русија се обидува да распореди повеќе сили во оваа област.

– Ова е 103-ти ден, а украинскиот Донбас стои. Цврсто стои – рече украинскиот претседател во своето ноќно обраќање до нацијата.

Зеленски рече дека руските сили планираат да го заземат градот Запорожје во југоисточниот дел на земјата, каде што живеат повеќе од 700.000 луѓе, што може сериозно да ја ослабне позицијата на Украина и да и овозможи на руската армија да напредува поблиску до централниот дел на земјата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article