Рускиот претседател Владимир Путин, повторно го предупреди Западот да не ѝ испраќа на Украина ракети од долг домет.
– Целата фама околу испораката на оружјето за украинската војска, по мое мислење има само една цел. Вооружениот конфликт да се одолжи што е можно повеќе – изјави Путин.
Сепак, тој смета дека оружјето што пристигнува во Украина, нема многу да ја подобри состојбата на владата во Киев.
– Доколку Киев добие ракети од долг домет, тогаш Москва ќе изведе одредени заклучоци и ќе ги употреби своите средства за уништување, кои ги има доволно и ќе ги целиме објектите коишто до сега ги одбегнувавме – додаде рускиот претседател.