More

    Атина ги стивна огнените јазици

    spot_img

    Вчера се соочивме со многу тежок пожар, поради тешките временски услови, но и поради релјефот на околината. Сè уште сме на почетокот на летото и целта, како што ја поставивме од почеток, е да се ублажат суровите ефекти од сите овие нови појави кои произлегуваат од климатската криза. Летото ќе биде тешко, рече министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис информирајќи за вчерашниот пожар што зафати неколку атински населби.

    Стилианидис додаде дека сите метеоролошки прогнози за летово „покажуваат дека во регионот на источниот Медитеран, кој важи за жариште на климатската криза, за жал, работите нема да бидат лесни“.

    Пожарот што вчера избувна во подножјето на планината Имитос во Атина и поради силниот ветер, брзо од една, се прошири кон друга населба во јужниот дел на градот е локализиран, а како што рече заменик-министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас, и покрај големите напори имало и материјална штета на некои домови.

    Тој истакна дека иако справувањето со огнените јазици било тешко, сепак немало повредени граѓани или загуба на животи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img