Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност и умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а УВ-индексот ќе биде 8.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град.
Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.
Во следните неколку дена минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20 степени, а максималната од 24 до 38 степени.