Од утре почнува скринингот во основните училишта

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од утре започнува скринингот во основните училишта каде е зголемен бројот на новозаболени од ковид-19. Тоа беше аларм да иницираме ваков скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците. Од денеска на сајтот на Министерството за здравство се достапни препораките за лекување на КОВИД-19, кои се наменети за сите лекари кои се вклучени во лекувањето на пациентите.

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа претседателот и портпаролот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и Злате Мехмедовиќ.

– Комисијата донесе заклучок внимателно да се следи и анализира состојбата во училиштата и доколку се утврди какво било зголемување на бројките помеѓу учениците во однос на новозаразени да се направат скрининг тестирања во училиштата со цел да се утврди реалната состојба и опасноста за поширока трансмисија на вирусот помеѓу учениците. Токму поради тоа утре започнуваме со скрининг во основните училишта каде бројката на новозаразени е зголемена. Во средните училиште таква состојба нема. Таму се следи епидемиолошката состојба и согласно извештаите од Институтот за јавно здравје е стабилна. Меѓутоа, загрижувачките бројки кои ги добивме од основните училишта беа аларм да иницираме и да аплицираме еден ваков скрининг што ќе ни покаже каква е трансмисијата во основните училишта – рече Мехмедовиќ.

Веќе од утре, посочи, обезбедени се тимови, здравствени работници кои ќе го спроведат скринингот и кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат доставени на анализа во Институтот за јавно здравје и епидемиолошките служби, со цел да се обезбеди нивна статистичка обработка и да добиеме реална слика за тоа како се пренесува вирусот во основните училишта.

Петличковски рече дека скринингот ќе се одвива во училиштата, а родителите кои во текот на денешниот ден добиле изјава за согласност дека се согласуваат нивните деца да бидат тестирани со брз тест тие ќе бидат тестирани во училиштата и нема потреба да ги носат во центрите за јавно здравје како што првично планиравме.

– На овој начин сакаме да им олесниме пристап до тестовите и тоа да биде со минимум компликации по нив – додаде Петличковски.

Одговарајќи на новинарски прашања тој истакна дека со препораките за лекарите достапни на веб страницата на Министерството за здравство, ги прават достапни информациите базирани на докази со цел да направат, да овозможат еден поусогласен пристап за сите пациенти со ковид -19.

– Ова се препораки за лекување, не се во називот протоколи, а за да станат протоколи треба да поминат процедура со прифаќање во Законодавна и други комисии. Препораките кои се достапни на сајтот се четврта или петта верзија на постоечки препораки кои се користеле во минатото, но и претрпувале измени. Оваа верзија која е од септември 2021 година и е четврта или петта верзија ќе претрпува промени, како ќе се менуваат интернационалните научни сознанија ќе се менуваат. Тие се предвидени да бидат водич за сите лекари вклучени во лекувањето и третирањето на ковид пациенти и немаат обврзувачки карактер, но се тука да послужат од едно место да се црпат релевантни информации, за да не доаѓаме во ситуација некој лекар да советува терапија која не е препорачана, тука пред се мислам на ивермектин и да е прашање и денес дали овој лек е во некој протокол во некаква препорака или не е – рече Петличковски.

Посочи дека целта е информирање од релевантни извори како што се Здружение на инфектолози на Америка, англиски здруженија на инфектолози, Светската инфектолошка асоцијација итн.,

- Advertisement -
Ad image

За секоја посебна фаза на болеста, појасни, има соодветни препораки за тестирање, лекување и за тоа кога е момент да се хоспитализира пациент, која терапија…Потенцира дека за ивермектинот нема научни докази дека тој помага во лекување на ковид-19.

– Препораките се однесуваат на асимптоматски пациенти, на пациенти со лесна, средно тешка клиничка слика и на хоспитализирани во тешка состојба. Препораките се насочени кон лекарите, не се насочени кон општата популација. Наше е да ги упатиме лекарите кои се вклучени во третман на Ковид-19 каде може да најдат најсоодветни препораки – додаде Петличковски, одговарајќи на новинарски прашања.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply