САД усвоија нов пакет санкции против Русија, во кој се вклучени 17 лица, соопшти денеска американското Министерство за финансии на својата веб-страница.
Меѓу лицата опфатени со санкциите е и Сергеј Ролдугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Најновите санкции се насочени и кон 16 субјекти, седум пловни објекти и три авиони, се вели во соопштението.