Касија Галанио (45), поранешната сопруга на катарскиот принц и милијардер, пред неколку дена беше пронајдена мртва под сомнение за предозирање со наркотици во Марбела, а неколку недели пред смртта во интервју раскажала сѐ за својот живот во кралска фамилија. Таа опишала како ѝ било предизвик да се навикне да живее со кралското семејство, велејќи дека „живее во кафез“, пренесува Мондо.
Касија пораснала во САД. Принцот ѝ се додворувал кога била 19-годишна студентка во Париз, а и покрај разликата во годините се венчале и добиле три ќерки. Нивната романса се влошила и парот се развел во 2007 година, а таа морала да го продаде својот накит за да заработи и да преживее.
Касија, која се дружеше со холивудските ѕвезди и имаше 500.000 следбеници на Инстаграм, водела битка за старателство над нивните ќерки по разводот, а на суд една од нив го обвини татко ѝ дека ја допирал „непримерно“.
Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Марбела во неделата, откако една од нејзините ќерки ја известила полицијата дека со денови не може да контактира со мајка си, објави Ел Паис. Шпанскиот весник наведува дека неколку функционери влегле во станбената зона во Марбела, каде што живеела Касија, во неделата околу 8 часот.
Неколку недели претходно таа зборуваше за турбулентниот однос со нејзиниот поранешен сопруг, исто така поранешен министер за нафта и финансии. Во интервју на 17 април, таа изјави дека нејзиниот сегашен живот е како да е заробена во „златен кафез“ и дека сака слобода од нејзиниот поранешен сопруг за кого тврдела дека одбил да плаќа алиментација.
Таа за ТВ-шоуто „Женски свет“ изјави:
– Парите се проклетство затоа што те изолираат од многу луѓе. Тоа е различен свет. Јас пораснав во нормално домаќинство, па тоа беше сосема поинаков свет… Пораснав во Соединетите Американски Држави и дојдоа во кралското семејство. Има една поговорка, повеќе пари, повеќе проблеми … Ме критикуваат дека сакам пари, но морам да се грижам за моите деца. Принцот Абделазиз сака да ме контролира преку децата, што мислам дека не е многу учтиво и само ги повредува.
Касија во последно време сѐ повеќе зборуваше против кралското семејство во обид да добие целосно старателство над децата. Таа неодамна на Инстаграм напиша:
„Не знаев дали да го објавам ова на Инстаграм, но откако добив толку многу пораки за поддршка од исто толку родители кои се во истата ситуација, решив да ја споделам мојата приказна. Како прво, еден маж никогаш не смее да не ја почитува мајката на неговите деца и обратно. Без разлика колку е лут, вознемирен или љубоморен или лут татко им, јас правам сѐ што можам за да ги обезбедам, заштитам, сакам, воспитувам, хранам и да ги образувам моите девојчиња како никој друг. Не сум совршена, но давам сѐ од себе. Децата НИКОГАШ не треба да се користат како жртва или пион кога родителите не се согласуваат“.
Наскоро ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта на Касија, а првите индиции укажуваат дека таа починала од предозирање со дрога.