More

    Озил ги отфрли сомнежите: Ја завршувам кариерата во Фенер!

    spot_img

    Германскиот фудбалер Месут Озил се огласи на Твитер по повод се почестите наводи во турските медиуми дека ќе го напушти тимот на Фенербахче – играчот од средниот ред со турско потекло изјави дека не планира да го напушти жолто-синиот тим.

    Озил се поврзуваше со заминување во американската МЛС, во тимот на Интер од Мајами предводен од Дејвид Бекам.

    „Морам да дадам официјална изјава за мојата кариера за да го демантирам пишувањето на одредени медиуми. Целта во кариерата ја постигнав со потпишување на три и пол годишен договор со Фенербахче. Тој клуб е мојата детска љубов и сакам да останам, иако не земав плата во првите шест месеци од мојот престој во клубот“, напиша 33-годишниот Месут Озил.

    „Повторно нагласувам – не сакам да ја завршам кариерата во ниту еден друг клуб освен Фенер. До крајот на договорот ќе го носам само дресот на Фенербахче, мојата одлука е јасна и конечна. Главната работа е Фенербахче“, додаде фудбалерот на Гелзенкирхен.

    Озил е член на Фенербахче од 2021 година, а претходно играше за Шалке 04, Вердер Бремен, Реал Мадрид и Арсенал. За германската репрезентација одигра 92 натпревари и постигна 23 гола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img