Бредли Купер е режисер и главен актер на новиот филм на Нетфликс „Маестро“, во кој го игра познатиот композитор Леонард Бернштајн.
Овој 47-годишен актер станува славниот диригент и композитор на „West Side Stories“ Леонард Берштајн за својот претстоен филм „Маестро“. Нетфликс веќе ги објави првите фотографии од сетот.
На едната фотографија, Купер и неговата партнерка Кери Малиган, која ја игра сопругата на Берштајн, Фелисија Монталегра, се смеат заедно, додека друга фотографија зад сцената го прикажува Купер како кадарира снимка на сетот.
Дополнителни фотографии покажуваат дека Купер е непрепознатлив како остарениот Берштајн.
Сè уште не се знае многу за „Маестро“, чија премиера треба да се појави во 2023. година. Според IMDb, тоа е „комплексна љубовна приказна на Леонард и Фелисија, приказна која опфаќа повеќе од 30 години – од моментот кога се запознале во 1946 година на забава и продолжува преку две веридби, 25-годишен брак и три деца“.
Филмот го претставува враќањето на Купер во режија откако тој го имаше своето режисерско деби во мега-успешната верзија на филмот „Ѕвездата е родена“ со Леди Гага од 2018 година.
Во јануари, Купер го најави „Маестро“ за време на разговорот со Махершал Али за списанието „Варајети“, објаснувајќи дека тој лично „сакал да биде диригент уште од детството“.
„Бев опседнат со тоа, ја барав од Дедо Мраз штафетата кога имав 8 години. Слушав музика, се заљубив во неа и бев во состојба навистина да го знам секој момент од некое дело“, изјавил тогаш Купер.
ФОТО: Твитер