И Германија ги намалува давачките за горивата, само Димитар Ковачевски и СДСМ го ограбуваат народот со висока акциза, реагира ВМРО-ДПМНЕ на високите цени на горирвата како резултат на враќањето на давачките за горивата на нивото пред антикризните мерки.
„Од денеска литар дизел од 86 денари, колку што се продаваше вчера се продава за 95 денари, додека литар бензин од 97 денари се продава за 106.5 денари. Ова е еднократно зголемување за 12%, и тоа не е последица на растот на цената на нафтата на светските берзи, туку последица на високата акциза на СДСМ, со која ќе го полнат буџетот. И додека во Македонија Ковачевски удира по народот, во Германија ќе има намалување на даноците за горивата и до 30 евро центи по литар. Германската влада излезе со образложение дека нема да дозволат народот да ја почувствува кризата, со тоа практично литар гориво ќе има иста цена и во Македонија и во Германија, со таа разлика што во Германија платите се 10 пати поголеми“ се на ведува во реакцијата.
Според опозициската партија, високите цени на горивата се само поради криминалот на владата, која не работи ништо, и мисли дека со високи цени на горивата ќе го полни буџетот.
„Имено на 2 јуни 2008 година кога барел нафта чинеше 140 долари, на 6 јуни РКЕ тогаш донесе одлука со која бензинот се продаваше за 75.5 денари, а дизелот за 74.5 денари. Сега барелот нафта е 116 долари, а цените на горивата се за 50% поскапи од 2008 година.Разликата е што во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ менаџираше со државата, а сега СДСМ. Тогаш државата не стави високи акцизи, а сега владата го краде сопствениот народ. Ова е уште една причина зошто СДСМ треба да си замина, предвремени избори се потребни час поскоро“, се додава во реакцијата.