Со недели во фокусот на светската јавност секако беа Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, поради судењето, а сега за првпат јавно се огласи Илон Маск на таа тема.
Јавноста со недели чекаше коментар од најбогатиот човек на светот, со оглед на тоа што тој беше повикан и како сведок во судот поради неговата претходна љубовна врска со Амбер.
И конечно Маск се огласи, а каде ако не на неговата омилена платформа – Твитер.
„Се надевам дека и двајцата ќе можат да продолжат понатаму. Во своите најдобри изданија и двајцата се неверојатни луѓе“, напиша накратко.
Инаку, не се знае точно кога Маск ја започнал врската со Амбер Херд, но Деп го обвини милијардерот дека во неговата куќа имал тројка со Амбер и манекенката Кара Делавињ, додека Амбер сѐ уште била во брак со актерот.
Маск стана тема и за време на судењето кога како сведок беше повикан поранешниот агент на Деп, Кристијан Карино. Кристијан, кој претходно беше свршен со Леди Гага, беше прашан дали Маск и Херд биле во врска во 2016 година.
„Не знам дали излегуваа, но дефинитивно беа некое време заедно“, рече тој.
Херд и Маск се запознале на снимањето на филмот на Роберт Родригез во 2013 година. Но, парот тогаш тврдеше дека биле само пријатели додека и двајцата не се разведоа во 2016 и 2017 година. Во август 2017 година, повторно се појавија гласини дека наводната едногодишна романса на парот е завршена.
Маск ги потврди шпекулациите набргу потоа, велејќи им на фановите дека раскинувањето било пријателски.
ФОТО: Инстаграм/Твитер