Тод Боли и официјално е нов газда на Челзи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако сите детали беа усогласени минатата недела, англискиот фудбалски гигант Челзи денеска и официјално премина во сопственост на американски конзорциум на чело со бизнисменот Тод Боли.

Челзи ја најави продажбата минатата недела, а попладнево преку клупско соопштение ја официјализираше трансакцијата.

– Чест ни е што сме нови сопственици на Челзи. Сто проценти сме во оваа нова работа. Нашата визија е јасна, секоја минута и во секој натпревар ќе работиме за нашите навивачи да бидат горди на клубот – изјави Боли, кој, воедно, е сопственик и на американската професионална безбол екипа Лос Анџелес доџерс.

Челзи е продаден за 4.25 милијарди фунти, со што заврши ерата на рускиот олигарх Роман Абрамович во чија сопственост клубот од Лондон беше 19 години и освои вкупно 21 трофеи.

Share This Article