Пожарот во магацинот на Македонија Табак во Тетово е локализиран и нема опасност од негово ширење, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Последните мерења покажале дека нема отровни гасови во воздухот и децата од Тетово утре се враќаат на настава.
Пожарот избувна утрово во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на градот.
Причината за избувнување на пожарот засега не е позната, а се претпоставува дека станува збор за сериозна материјална штета.