Општина Куманово итно испрати свои противпожарни екипи како поддршка на колегите од Тетово во гасење на активниот пожар во фабриката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Општина Куманово итно испрати свои противпожарни екипи како поддршка на колегите од Тетово во гасење на активниот пожар во фабриката.

Дополнително, една цистерна од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово дава асистенција на нивните колеги комуналци во Тетово.

Претходно, Општина Кавадарци испрати три возила и седум пожарникари за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Пожарот претпладнево избил во фабриката за стиропор Профикс во Тетово. Во околните населби е исклучена струјата како мерка на претпазливост. Општина Тетово апелираше до учениците и до граѓаните да не излегуваат од дома без потреба.

Share This Article