Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ е фасциниран од формата на Новак Ѓоковиќ по случувањата на Австралија опен и депортацијата од земјата.
– Тој е генијалец затоа што лесно се врати на своето највисоко ниво. Верувајте ми, 95% од играчите никогаш не би се опоравиле од она што се случи во Австралија. Му беше многу тешко психолошки. И на почетокот последиците беа видливи на теренот. Не беше тој Новак кој го познававме. Но, полека ја подигаше формата. Желбата за борба повторно почна да се покажува во неговите очи. Сакав некако да ги пробие натпреварите, да ја врати довербата во себе – и тоа се случи. Во Мадрид веќе беше сосема поинаква приказна – тоа можеше да се види на тренинзите, во енергијата на теренот, во начинот на кој тој примаше совети. Сето тоа се манифестираше на теренот. Загуби од Алкараз, но тоа беше феноменален натпревар во кој се беше решено со два-три разлика. Задоволен беше и Новак, а во Рим добивме потврда за се што видовме во Мадрид. Секој ден се подобруваше и беше важно да дојде во Париз чувствувајќи се најдобро. Сите наши планови се остварија – истакна Иванишевиќ.
Ѓоковиќ, кој е прв носител на Грен слемот Ролан Гарос, денес од 12:30 часот во осминафиналето ќе се сретне со 15. фаворит, Диего Шварцман од Аргентина.