More

    ЦУК-Внимателност поради нестабилното време со дожд, ветер и грмежи

    spot_img

    По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за нестабилно време денеска, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги повика граѓаните во земјава на внимателност од силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд викендов.

    – Согласно информацијата од УХМР, ЦУК превентивно апелира и препорачува граѓаните во земјава од попладнево викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава – наведува ЦУК во апелот.

    УХМР соопшти дека под влијание на циклонска активност од југозапад денеска и утре времето ќе биде
    нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    – Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град. Утре преку денот температура ќе биде пониска за 3 до 5 степени – најави денеска Управата.

    Од понеделник нестабилноста ќе се намали и повторно ќе преовладува потопло време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img