Професорите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје бараат повисоки плати, пренесува ТВ Телма.
Тие со отворено писмо се обратиле до премиерот, претседателот на Собранието и министерот за финансии.
Велат дека постои огромно незадоволство поради актуелната состојба, која според нив „никогаш не била на вака ниско ниво“.
Професорите од УКИМ во писмото ја споредуваат просечната плата која во земјава достигна до повеќе од 31 илјада денари, со платата на еден доцент на факултет од околу 30 илјади денари, односно под просекот.
– Никогаш во историјата УКИМ не бил подеградиран и заборавен. Затоа бараме итно потпишување на колективен договор со предвидените четиригиодишни проекции на покачување на платите со цел во ребалансот на буџетот да биде предвидено зголемување на платите – пишува во отвореното писмо на професорите од УКИМ до властите.
Доколку не бидат исполнети нивните барања, професорите најавуваат дека ќе одржат мирен протест или штрајк во јунската испитна сесија.