Еден од најдобрите француски фудбалери Килијан Мбапе ја изненади спортската јавност со својата конечка одлука да го продолжи договорот со ПСЖ и да го одбие веќе договорениот трансфер во шпански Реал Мадрид.
А како дошло до ваква разрешница откри легендарниот фудбалер на сите времиња Тјери Анри, кој истакна дека самиот тој бил сведок кога францускиот претседател Емануел Макрон му се јавил на Мбапе и го замолил да го стопира трансферот во Шпанија.
– Мбапе е од огромна важност за францускиот фудбал. Да бидам искрен, мислев дека си заминува, но на крајот нешто го натера да го промени мислењето. Не знам што точно било, но сигурно се воделе длабоки разговори и нешто направило да се премисли. Верувајте, можев во живо да гледам кој се му се јави за да остане, не ми се веруваше кога видов дека му се јави и претседателот Макрон, вистинска лудост. Треба да бидеме среќни што реши да остане. Мбапе е од витално значење за ПСЖ, за Париз и за францускиот фудбал – вели Анри во интервјуто за „Гол“.
ФОТО: МИА