Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигнала 247.491.155 денари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигнала 247.491.155 денари. Ова, како што наведуваат, претставува повеќе од двојно зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 110,5 милиони денари.

Според Министерството, овој значаен раст е резултат на посветените и засилени активности за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите.

„Испраќани се писмени опомени до концесионерите со предупредување за можен раскин на концесијата доколку не ги подмират навреме обврските, засилување на редовните и вонредните инспекциски контроли на терен, едностран раскин на десетина договори со концесионери кои не ги почитувале законските обврски, со уште десетина постапки во тек, како и донесување нов тарифник за утврдување на висината на надоместоците, кој е во сила од 1 јануари 2025 година3, се наведува во соопштението.
Со новиот тарифник висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за експлоатација на минерални суровини е зголемена до 100%, со цел да се обезбеди правична вредност за користење на природните ресурси.

Клучните измени, информираат од МЕРМС вклучуваат: зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30%, надоместок за експлоатација на мермер: 5 % од приходот од продадената суровина, наместо од претходна фиктивна цена, зголемување на надоместокот за металични минерални суровини од 2 на 4%, како и просечно зголемување над 100% за неметалични минерални суровини.

Овие измени, посочуваат од Министерството, не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се избегне дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

„Порастот на наплатата директно влијае врз зголемувањето на буџетите на општините каде што работат концесионерите, како и на буџетот на Република Македонија. Овие средствата се користат за изградба и одржување на комунална инфраструктура на подрачјето на единиците на локалната самоуправа, проекти за одржлив развој и енергетска транзиција и за спроведување на проекти за заштита на животната средина“, соопштија од Министерството за енергетика.

Share This Article