Над 90 проценти од Швајцарците имаат стекнато имунитет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки, воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот превоз и здравствените установи, соопшти денеска швајцарската Влада.

До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане во сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на коронавирусот, соопшти Владата.

Укинувањето на мерките ќе стапи во сила утре, кога влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања, соопшти владата.

– Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. Благодарение на високото ниво на имунитет кај населението, малку е веројатно дека здравствениот систем ќе биде преоптоварен, и покрај сѐ уште високото ниво на циркулација на вируси – се вели во владиното соопштение.

Повеќе од 90 отсто од швајцарските граѓани стекнале имунитет од коронавирусот, бидејќи или го прележале или биле вакцинирани против оваа инфекција, изјавија официјални лица.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply