More

    Проекција по повод чествувањето на Кирил и Методиј

    spot_img

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и членовите на државно-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан, денеска во киното „Тицијани“ присуствуваа на проекција на документарниот филм „Медена земја“ на режисерката Тамара Котевска.

    Присутните ги поздравија амбасадорот на Република Северна Македонија во Италија, Весел Мемеди и Лавинија Де Николо, претседателка на Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија АЦДМАЕ.

    Амбасадорот Мемеди изрази задоволство за можноста токму на 24 Мај, на Денот на Светите Кирил и Методиј, македонската култура да биде презентирана пред италијанската јавност.

    – Се надевам дека медот ќе биде доволно сладок, за да ја натера италијанската јавност да ја посети нашата Медена земја – рече амбасадорот Мемеди.

    Претседателката на асоцијацијата „Жени дипломати“ Лавинија Де Николо посочи дека станува збор за одличен филм и додаде дека најважниот дел е грижата за околината, нешто што долго време се запоставува.

    „Гостите и посетителите кои ја проследија борбената и емотивна приказна на Атиџе Муратова, беа топло пречекани и со специјалитети од македонската кујна“, информираа од Министерството за култура.

    Претходно, македонската државно-црковна делегација оддаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, каде митрополитите г. Пимен и г. Јосиф одржаа молебен во чест на Св. Кирил.

    Со проекција на „Медена земја“, беше заокружен културно-уметничкиот дел и програмата по повод традиционалното чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img