More

    ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

    spot_img

    По повод 24.Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот Кирил Пецаков упати празнична честитка.

    Светите браќа Кирил и Методиј имаат бесценето историско, духовно и културолошко значење за македонскиот народ и за сите народи кои имаат старословенско потекло и обележја. Нивната мисија за ширење на христијанската мисла и нивните дела претставуваат неисцрпна инспирација за човештвото и целокупниот цивилизациски напредок.

    Со создавање на словенската азбука – глаголицата, овие светители ги поставија темелите на просветителството и ни го дадоа најважниот патоказ кон иднината. Затоа како нивни горди потомци треба посветено да го продолжиме аманетот за ширење на писменоста, зачувување на идентитетот и препознатливите културни вредности

    Денешното потсетување на нивниот творечки пат и неизмерната љубов кон Бога нека одекне силно и нека биде водилка во борбата за подобар живот за нашите поколенија.

    Вечно нека е името на светите браќа Кирил и Методиј, нека ни е честит и вековит денот на македонските и сесловенските просветители, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img