Виктор Давидовски стана првиот македонски возач кој остварил победа на ТЦР Европа, откако самоуверено и без никаква грешка извозе од старт до цел на трката за Големата награда на Франција. Тој изјави дека верува во својот тим и перформансите на Ауди.
Македонската химна беше интонирана пред победниците.
Пред победата, најдобар пласман на Давидовски беше четвртото место лани на истата патека, а вчера на првата трка заврши како шести. Денеска Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите десет во квалификациите, па по фантастичниот старт, извозе најбрз круг и безгрешни 10 круга, во кои не им даде никаква надеж на конкурентите.