Уставниот суд денеска ја одржа петтата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставниот суд денеска ја одржа петтата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да:

Не поведе постапка за член 57 став 3 и став 4 и член 106 став 1 точка 4 од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2009, 24/2011, 25/2013, 79/2013, 147/2013,43/2014, 160/2014, 33/2015, 147/2015, 7/2016 и 39/2016) -Реферат У.бр.196/2020

Подносител: Еколошка групација „Грин Пауер“ од Велес, Движење за социјална правда „Ленка“ од Скопје и политичка партија „Левица“ од Скопје.

Не поведе постапка за член 13 точка 12 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за преврентивни препораки, времени мерки,наредни мерки, наменски протоколи,планови и алогоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болестCOVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.199/2021)- Реферат У.бр.101/2021

Подносител: Николче Мушаревски од Скопје

Не поведе постапка за член 16 став 3 од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр.241/2018)- Реферат У.бр.8/2020

Подносител: Александра Илиева Милчова, адвокат од Скопје.

Ја отфрли иницијативата за Спогодба за регулирање на начинот на исплата на регрес за користење на годишен одмор и новогодишен надоместок, склучена на 15.11.2021 година, помеѓу ЈКП „Брегалница“ Делчево претставувана од генералниот директор Стојче Стојковски како работодавач и Синдикатот на работниците од угостителството, туризамот, станбено-комунално стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на Република Северна Македонија-Реферат У.бр.139/2021

Подносител: Николчо Атанасовски, адвокат од Делчево.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply