Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 23.05.2022 (понеделник) година на дел од улицата „Македонски Просветители“ и на дел од улицата „Димитар Влахов“ ќе се воспостави нов времен режим на сообраќај заради интензивирање на градежните работи на улицата „Македонски Просветители“.
На улицата „Македонски Просветители“ на потегот од крстосницата на оваа улица со улицата „Даме Груев“ па се до крстосницата на оваа улица со улицата „Партизанска“ ќе се воспостави еднонасочен сообраќај во правец кон езерото.
Возилата кои се движат по улицата „Димитар Влахов“ на крстосницата на оваа улица со улицата „Македонски Просветители“ задолжително ќе свртуваат во лево. На дел од улицата „Македонски Просветители“ од раскрсницата со улица „Даме Груев“ па се до крстосницата со улицата „Партизанска“ се забранува запирање и паркирање на возила.
Се молат учесниците во сообраќајот, движењето да го прилагодат во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.