Неколку месеци системот ќе работи со информирање на прекршителите ама без казни

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието. Имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да стартува од 1 јануари 2026 година. Засилените контроли на полицијата и натаму ќе има, изјави денеска министерот за внатрешни работи Пенче Тошковски, кој зборуваше на јавната трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“.

Министерот Тошковски на дебатата истакна дека работната група утврдила дека се потребни промени во пет законски решенија за овој проект квалитетно да профункционира и тоа во Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување санкции.

– Ова е прв приоритет на МВР. Во наредните месец дена ќе работиме интензивно на целокупанта легислатива која што е потребно да се промени. Се надевам дека до крајот на март ќе имаме првична верзија на сите закони коишто треба да влезат во процедура со цел во април да влезат во владина процедура. Се надевам до крајот на април да влезат и во собраниска процедура – изјави Тошковски.

Овој проект од почна да се имплементира од 1 јануари 2025.

– Со измената на образецот за регистрација на возила, започнавме со прибирање податоци што се нужни за процесно постапување во рамки на имплементацијата на Безбеден град, и во иднина безбедна држава. Со прибавувањето на телефонски број и меил адреса на секој сопственик на возило, ние ќе ги имаме потребните законски претпоставки за да кажеме дека од 01.01.2026 година се исполнети законските предуслови секој кој е сопственик на моторно возило и законски го регистирал да може да биде легитимен учесник во сообраќајот – рече Тошковски.

Тој нагласи дека целта не е да се казнуваат граѓаните, туку да се смени сообраќајната култура и да се намалат сообраќајните прекршоци и несреќи.

– Ќе го имплементираме одреден временски период од неколку месеци. Граѓаните ќе добиваат пораки кога ќе сторат одреден прекршок. Ќе се уверат дека системот функционира – вели министерот.

Дел од системот „Безбеден град“ ќе бидат и возила опремени со паметни камери кои при движење во рамки на конкретни сообраќајници и улици ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила. Тие веднаш ќе бидат внесени во системот.

Во врска со паркирањето на возилата, Тошковски вели дека е потребна детална анализа и дека треба да се зголеми бројот на катните гаражи.

- Advertisement -
Ad image

МВР работи на проект за катна гаража во рамки на институцијата со околу 500 паркинг места.

Министерот рече дека предмет на анализа се и електрични тротинети и велосипеди и дека ќе се најде соодветна законска легислатива за регулирање на овој тип сообраќај.

Во изминатите денови со засилените сообраќајни контроли, според МВР,  намалени се сообраќајните незгоди за 30%, а сообраќајните незгоди со жртви за 60%.

- Advertisement -
Ad image

– Намерата е до 2030 година да се преполови бројот на смртни случаи и повреди од сообраќајни несреќи во светот. Знаеме за големиот број сообраќајни несреќи во оваа земја којшто е над европскиот просек, и сакаме да ѝ помогнеме на Владата тој просек да биде што поблизок до просекот на ЕУ, односно доста понизок од сегашниот – рече Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјава, кој е партнер на Владата во имплементација на иницијативата „Безбеден град“.

– Воведуваме скратени постапки со кратки рокови за судење и засилени казни за рецидивистите, вклучувајќи забрана за управување со возило по третиот прекршок. Прекршочните налози ќе се доставуваат брзо и ефективно преку СМС и е-пошта. Сторителите ќе имаат право на судска заштита ако не ја прифаќаат одговорноста – посочи претставник на Министерството за правда на јавната дебата.

Share This Article