Преиспитајте ги санкциите кон Москва

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Официјална Москва денеска соопшти дека исполнувањето на повикот на ОН за отворање на украинските пристаништа на Црното Море за да се дозволи извоз на жито ќе бара преиспитување на санкциите кон Русија, пренесоа руските меидуми.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека „покрај обраќањето до Руската Федерација, мора длабоко да погледнете и во сложеноста на причините што ја предизвикаа актуелната криза со храна и, пред сè, има санкции од САД и ЕУ против Русија што ја попречуваат нормалната, слободна трговија, вклучувајќи ги и прехранбените производи, како пченицата, ѓубривата и другите производи“.

– Процесот на преговори не беше прекинат од нас, туку од нашите украински партнери. Штом тие ја изразат својата подготвеност да се вратат на преговарачката маса, ние, се разбира, ќе одговориме позитивно. Главната работа е што имаме за што да разговараме – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Руденко, за новинарите во Москва, одговарајќи на прашањето на „Интерфакс” под кои услови може да се продолжат преговорите.

Директорот на програмата за храна на ОН (WFP) Дејвид Бисли вчера го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги отвори пристаништата на Црното Море.

-Ако и малку имате срце, ве молиме отворете ги пристаништата – рече Бисли.

FWP прехранува околу 125 милиони луѓе и купува 50 отсто од житото од Украина.

Украина, еден од најголемите светски производители на жито, извезуваше најголем дел од своите производи преку пристаништата на Црното Море, но е принудена да ги извезува своите стоки со железница или преку помали речни пристаништа откако руските војници извршија инвазија врз земјата.

Украина е спречена да ги користи пристаништата на Црно и Азовско Море, а во текот овој месец извозот на жито е преполовен во споредба со истиот месец минатата година.

Русија и Украина заедно произведуваат една третина од светските резерви на пченица. Украина е исто така главен производител на пченка, јачмен, сончогледово масло и маслодајна репка.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article