Супермоделот Адријана Лима (40) присуствуваше на проекцијата на „Топ Ган: Маверик“ на Меѓународниот филмски фестивал во Кан вчера, каде што ја воодушеви публиката додека одеше на црвениот тепих со вереникот Андре Лемерс.
Лима, која го очекува своето прво дете со Лемерс, се облече во црн долг фустан кој има деколте и го открива нејзиниот стомак.
Многумина ѝ го споредија стилот со Ријана, која во текот на целата бременост носеше парчиња кои го откриваа нејзиниот стомак.
Адријана Лимае мајка на Валентина (12) и Сиена (9) кои ги има со српскиот кошаркар Марко Јариќ.