Голема полициска акција е во тек во Германија откако непознат напаѓач отворил оган во училиште на северот на земјата.
Во прашање е училиштето Лојд во Бремерхавен, објавија локалните медиуми. Во нападот едно лице е тешко повредено, а полицијата брзо пристигнала на местото на настанот.
Неидентификуван напаѓач е во бегство, поради што се уште трае големата полициска акција на територијата на целиот град, но еден напаѓач е веќе уапсен.
Според првите информации, осомничениот е вооружен со самострел.
Портпаролката на локалната полиција изјави дека истрагата за инцидентот е во тек.