Ќе продолжи дебатата за гимназиското образование

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование се дискутира. Јавната расправа сè уште трае иако онлајн расправата е затворена. Планирани се и дополнителни посети и средби, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа вели дека предлозите што стигнале до Бирото за развој на образованието се однесувале, генерално, на зголемен број на часови на секој од предметите и дополнување на дополнителни предмети. Доколку би се зеле предвид тие предлози, учениците би останувале на училиште и до 11 часови.

– Кога Бирото го направи распоредот на часови, според барањата на стручната јавност, здруженијата на наставниците, излезе дека учениците секоја година, од прва до четврта, треба да бидат на училиште најмалку 10 до 11 часа. За да нема забуна, 10 до 11 часа во работниот ден. Тоа не е можно и жал ми е што нема да можеме баш така како што поединечно замислуваат да го остваруваме. Сето тоа ќе треба да се изанализира, искомбинира. Да, нашите деца да бидат подолго на училиште, тоа што Владата како проект го предлага, но тие не може да бидат 11 часа во денот на часови – истакна министерката, додавајќи дека покрај наставни часови учениците треба да имаат и воннаставни активности.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на клубот „Иноваториум“ во Титан УСЈЕ министерката рече и дека наставните програми ќе се менуваат од септември и дека учениците од септември ќе имаат нови учебници за средно гимназиско.

– За концепцијата ќе имаме приближно една година време за да ја стокмиме така како што треба да изгледа и да биде соодветна на програмите од Европска Унија за нашите гимназијалци, кои ќе го продолжуваат школувањето овде, а дел од нив и во странство, да се подготвени на соодветното ниво за понатамошното образование.

Јаневска одговори и на прашања во врска со трошоците за упишување семестар на државните факултети, на реагираше Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

– Комуницирав со сите декани од УКИМ и цената е секаде спуштена на минимум. Некаде изнесува нула, некаде изнесува 2.000 денари за цела година. Освен на два факултета, каде што е навистина неопходно да се обезбедат дополнителни средства за подобрување на студиските програми. Денеска имаме состанок, ќе видиме како ќе заврши сето тоа – рече министерката и рече дека ќе биде разговарано и за други теми.

На прашање кога би профункционирал електронскиот индекс како најавен проект, Јаневска одговори дека е „можеби преамбициозно да биде на сите факултети“. Како што рече, „имаме добра шанса и важно е да почнеме, а потоа продолжуваме“.

Притоа посочи дека мобилната апликација за Е-дневник која МОН ја промовираше завчера, била попосетена и од апликацијата ТикТок.

- Advertisement -
Ad image

– Изработена е од стручниот тим во МОН и со гордост го соопштувам тоа – додаде министерката.

Share This Article