Background

Ќе биде ли претставен планот на Трамп за Украина?

„Кога ќе се вратиме од Минхен, сакаме да му обезбедиме на претседателот опции, така што кога директно ќе се вклучи во мировниот процес, ќе знае како ќе изгледа“.

Вака за Асошиејтед Прес изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, велејќи дека ги разработува деталите за какви било потенцијални разговори.

Кит Келог повеќепати досега изложи дел од неговите идеи, меѓу кои замрзнување на конфликтот на линијата на фронтот и замрзнување на членството на Украина во НАТО заедно со демилитаризирана зона.

- Advertisement -
Ad image

Што може да се очекува од глобално најважен форум за темите поврзани за безбедносната политика на кој освен 60 шефови на држави и влади е најавена потенцијано најголемата делегација на американскиот Конгрес?

Претставници од руската влада не се поканети на утрешниот настан. Сепак, шефот на МБК Кристоф Хојзген се надева дека мировниот план за Украина може да ги добие контурите токму во Баварија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски неговиот шеф на кабинет, Андриј Јермак, се очекува да се сретнат со Келог, но и со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Украина е една од работите кои ќе се дискутираат на собирот за кој Дојче Веле пишува дека може да биде непријатен за Европејците.

Горлива темаќе биде трошењето на земјите-членки на НАТО во одбраната и предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп процентот да се зголеми од 2 на 5%. Вашингтон одбива да го плаќа најголемиот дел од трошоците во Алијансата како што беше досега.

Дури во официјалниот извештај на Конференцијата, кој е веќе објавен, се цитира изјавата на американскиот претседател која тој ја даде за време на предизборната кампања дека европските нации ги искористуваат САД со трговијата, но и во рамки на НАТО.

Изјавата на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет дека на Европа е да ја сопре руската машинерија дополнително го вклучи алармот во НАТО. Бриселски Политико напиша дека земјите се расположени да го кренат процентот, но дека ниту една не е спремна да потроши 5%.

Хегсет исто така изјави дека рече дека Америка ќе го фокусира своето внимание на домашните грижи и заканата од Кина, наместо да испраќа војници за да го зачува мирот во Украина, објави британски Телеграф.

– Денеска сум овде да изразам директно и недвосмислено дека стратешките реалности ги спречуваат САД да бидат главен гарант за безбедноста во Европа – рече тој на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во седиштето на НАТО.

Собирот во Минхен ќе биде непријатен и за Германија бидејќи се одржува една недела пред предвремените избори за Бундестагот, односно во самиот финиш на предизборната кампања. Фаворитот за нов канцелар, кандидатот на ЦДУ Фридрих Мерц, ќе присуствува на конференцијата. Тој ќе ги пречека странските претставници заедно со својот ривал Олаф Шолц.

Покрај Украина, многу лидери во Минхен будно и нервозно ќе ја следат ситуацијата во Појасот Газaбидејќи крајниот рок за враќање на израелските заложници од заробеништво на Хамас е напладне на 15 февруари – точно на средината на конференцијата.

На собирот не се донесуваат официјални заклучоци, но се водат клучни дискусии.

Во меѓувреме, Трамп им телефонираше на својот руски и украински колега велејќи дека и двете страни сакаат мир во војната во Украина.

Трамп најави дека може да се сретне со Путин во Саудиска Арабија, изјава која предизвика збирна реакција од неколку европски земји кои повикаа дека нема преговори без ЕУ и без Украина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation