Буџетот на македонските амбасадори бил од 180 до 300 евра месечно

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да зајакне земјава, а потоа да отвори конзулат не само во Корча, туку и во други земји во светот.

– Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет што ги добива македонскиот амбасадор во Тирана. И не само во Тирана, туку и 300 евра добива месечен буџет македонскиот амбасадор во Брисел, 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, бидејќи толку има ова покрадена, опљачкана Македонија која ние се обидуваме некако да ја консолидираме за да можеме со тие пари кои ќе ги консолидираме да отвориме не само конзулат во Корча, туку и во многу други места во светот – рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот на Левица, Димитар Апасиев дали нашата Влада ќе се заложи да се отвори македонски конзулат во Корча.

Премиерот потенцира дека во меѓувреме додека не може тоа да се направи, односно нема капитал за да се направи, се обидуваат да дејствуваат преку почесни конзули. Тој се надева дека многу скоро од денеска ќе имаме конзулат и во соседна Албанија.

– Македонците не само во Албанија, туку и во Србија, и во Бугарија, и во Грција и во Косово, и насекаде во светот, треба да знаат дека еден од главните приоритети на оваа Влада се токму тие, но и оние кои биле дел од таа економска асимилациона политика. Затоа, ајде заедно нормално да разговараме и да правиме стратегија како најпрвин економски да ја зајакнеме Македонија – порача Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека нема да го политизира ова прашање.

Премиерот нагласи дека суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба бидат ставени во Устав, додека Албанија со 8.000 Бугари, според бројките од пописот, го нема тој услов.

– На пописот во 2011 година во Албанија има декларирано 5.500 Македонци. Сега има околу 2.300. Вие рековте 2.000, еве јас ќе ве исправам отприлика се 2.300 и некаде 8.000 Бугари. А во пописот во 2011 година во Албанија има 0 Бугари. Прашањето е следно:  Ако сега на овој попис во 2023 година има повеќе 8.000 Бугари, а во 2011 година 5.500 Македонци а сега има 2.300, теоретски останатите три илјади да потпаднале под асимилаторската бугарска политика, како што вие велите, овие што ја сочинуваат преостанатата разлика до 8.000, што се, Албанци? Јас би сакал ние да разговараме како граѓани Македонци и останати, не само Македонци, туку и Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи. Ајде да видиме зошто дозволивме ова да се случи. Тоа е суштинското прашање – рече Мицкоски.

Share This Article