Загрижувачки бројки на ковид 19 во Северна и Јужна Америка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

САД забележаа тројно зголемување на бројот на случаи на ковид-19 во текот на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите пет недели, изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела и изнесува 94.000 случаи дневно, истакна Валенски пред Белата куќа.

Просечниот број на хоспитализирани дневно се зголеми на 3.000, што е за 19 отсто повеќе од претходната недела.

Според неа, просечно 275 луѓе умираат дневно со ковид-19.
– Се разбира, треба да имаме на ум дека секој човек што го загубил животот поради Ковид-19 претставува трагедија, а речиси 300 смртни случаи дневно се сè уште премногу – рече Валенски.

Освен во САД, бројот на заразени со коронавирус се зголемува во сите држави од Северна и Јужна Америка, соопшти Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

Бројот на случаи во Северна и Јужна Америка се зголеми за 27,2 отсто во споредба со претходната недела, главно поради растот во САД, наведува ПАХО.

Од вкупно 918.000 заразени, повеќе од половина се од Северна Америка.

Share This Article