Тело на помлад маж утрово нешто по 9 часот е пронајдено во Белград. Медиумите јавуваат дека облеката на телото е иста како онаа што ја носеше Матеј Периш од Сплит ноќта на неговото исчезнување. Неговиот татко Ненад Периш вели дека го контактирала српската полиција и дека доаѓа во Белград каде ќе се споредуваат тој и ДНК на пронајдениот млад човек.
Периш исчезна на крајот на декември минатата година. Кобната вечер тој бил во белградскиот клуб „Готик“, кој во еден момент го напуштил и си заминал.
После тоа, се појави видео на кое се гледа како Периш трча низ улиците, сè до ресторанот Саванова. Таму се спуштил по скалите до Сава и оттогаш му се губи секаква трага.