Собранието ги изгласа измените на Законот за заштита на децата

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Парламентарното мнозинство на денешната 31. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, кој повторно се најде пред пратениците.  Пред крајот на минатата година претседателката Гордана Сиљановска Давкова му ставии вето, односно, не го потпиша указот за прогласување на законот, затоа што има недоследности со Уставот.

Законските измени се однесуваа на тестирањето и лиценците за негователи во градинките, а со кои беше предвидено да се двојазични. Сиљановска Давкова сметаше дека ова е неуставно, по што владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди направија измени со кои документите ќе бидат на македонски јазик, а по барање и на друг јазик на кандидатот.

Измените денеска беа изгласани со 65 гласа „за“, а „против“ гласаа 17 пратеници. Законот го доби и потребното Бадентерово мнозинство, односно за измените „за“ гласаа 12 пратеници од немнозинските заедници, а 6 беа „против“.

За овој закон беа поднесени вкупно 6 амандмани, од кои 4 од СДСМ и од Левица, кои беа отфрлени, а двата поднесени од коалициските партнери од власта ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, поминаа.

По донесувањето на измените на законот, претседателката на државата е должна да го потпише указот за негово прогласување.

Решението кое го прифати мнозинство вели дека тестирањето и лиценците за работа во детските градинки се врши и се издаваат на македонски јазик, а доколку кандидатот побара, да биде издадена и на албански јазик, односно на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението.

– Лиценцата се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а доколку подносителот на барањето зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија, на неговото барање му се издава на македонски јазик и на неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборува и неговото писмо – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Ваквата формулација не беше прифатлива за опозициската ДУИ, од каде што сметаат дека лицентите по автоматизам треба да бидат и на албански јазик.

– Јас како претставник и како Албанец имам право по автоматизам да му се обратам и да влезам на испитот и на мојот јазик. Како што е фактот со личните документи, ние не направивме посебно барање – рече пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

- Advertisement -
Ad image

Од СДСМ преку амандманите бараа целосно да се избришат членовите што се однесуваат на тестовите и лиценците. Овие амандмани не поминаа, а не поминаа ниту амандманите на Левица кои од собраниската говорница прашаа зошто лиценците да не се издаваат и на турски, влашки, ромски, српски и бошњачки јазик .

– Македонија не е двојазична земја. Во Македонија службени јазици со ограничена употреба, со цел нивна регионална заштита се и турски, ромски, влашки, албански, српски и бошњачки јазик и затоа форсирање да се издаваат двојазични лиценци само на македонски и албански јазик е спротивно на амандманот 5 од Уставот и не е со цел заштита на албанскиот јазик, туку е во функција на дезинтеграција на македонското општество – рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев.

Share This Article